ЗНАЕМЕ, дека само со нови и во добра кондиција возила можеме да одговориме на Вашите потреби за превоз на Вашата роба до посакуваната дестинација.

Поради тоа константно го обновуваме нашиот возен парк, а постоечките возила редовно се одржуваат во овластени сервиси, се со цел брзо и точно завршување на договорениот транспорт.

Моментално располагаме со вкупно 8 возила – влекачи Сканија со највисоки Еуро 6 еколошки стандарди, како и полуприколки со надградба церада од произодителот Шмитз. Сите возила се опремени со ГПС систем за следење, со што се овозможува точно и прецизно следење на истите и планирање и почитување на договорените рокови за испорака.

„Брзо и сигурно до посакуваната цел“