Услуги

КОИ ШТО ГИ НУДИМЕ

Ние нудиме

Брз и Ефикасен Транспорт

Специјализирани сме за следните видови транспорт:

  • комплетни и збирни товари на територијата на цела Европа
  • транспорт на опасни материи (АДР роба)
  • специјален транспорт
  • транспорт на високо вредносен товар
  • транспорт „точно на време“

Дополнителни критериуми за транспорт:

  • Сигурен транспорт и оптимално времетраење на испорака
  • Осигурување на робата по Законски одреби во соработка со Осигурителни компании
  • Постојан надзор на транспортот
  • По барање на клиентот, организираме транспорт со два возачи „експрес транспорт“
  • Искусни и професионални возачи, со познавање на домашните и меѓународните Законски одредби, како и активно користење на еден од светските јазици.
  • За Вашата пратка секогаш има точно одреден контакт партнер
  • Постојана размена на информации
  • Дежурна контакт личност после работното време
  • Понуда на цени во најкраток можен рок, со конкретни калкулации
  • Транспарентност, благодарејќи на „Аll inclusive“ цените
  • Стручна контрола на квалитетот на возилата

Ние нудиме

Одлични Логистички Решенија

Гарантираме,

не само професионален пристап на транспортот, туку и помош при организацијата на транспорт на Вашата роба. За Вас го организираме и контролираме превозот на роба од превземањето на налогот па се до завршување на транспортот.
Контакт лице од наша страна Ви е секогаш на располагање додека трае транспортот.

Со професионалниот пристап на нашиот тим, оштетувањата на робата за време на транспортот се сведени на минимум.

Веруваме,

дека заедно можеме да ги решиме сите проблеми околу организација на транспортот. Постигнатото ниво на висок квалитет на услуга се должи на постојаната совршена комуникација помеѓу Вас како наш клиент и партнер од една и Гарден Транс д.о.о. од друга страна.

Спремни сме,

во иднина да се соочиме со конкуренцијата, да уживаме во предизвиците и да ги решаваме на висококвалитетно ниво.

Едноставно,

„Довербата и ресурсите – прво мора да се стекнат“

Ние нудиме

Возен Парк

Знаеме, дека само со нови и во добра кондиција возила можеме да одговориме на Вашите потреби за превоз на Вашата роба до посакуваната дестинација.Поради тоа константно го обновуваме нашиот возен парк, а постоечките возила редовно се одржуваат во овластени сервиси, се со цел брзо и точно завршување на договорениот транспорт.

Моментално располагаме со вкупно 9 возила – влекачи Сканија со највисоки Еуро 6 еколошки стандарди, како и полуприколки со надградба церада од произодителот Шмитз. Сите возила се опремени со ГПС систем за следење, со што се овозможува точно и прецизно следење на истите и планирање и почитување на договорените рокови за испорака.

„Брзо и сигурно до посакуваната цел“