Добредојдовте во

Garden Trans

Друштвото за транспорт и услуги Гарден Транс е основано во 2002 година. Иако според годините на постоење е релативно нова фирма, таа своите корени ги влече од сега далечната 1994 година.

Имено во тоа време се јавува идеја за започнување на сопствен фамилијарен бизнис во сверата на транспортот на стока. Набавено е првото товарно возило од марката Мерцедес 19/22 со носивост од 13,5 тони.

Со голем ентузијазам и желба за успех се редат годините на вршење транспорт на секаков вид на роба на тогашните ЈУ–простори, како и земјите од соседството. Како поминуваат годините со искуството доаѓа и потребата од обновување и зголемување на возниот парк.

Така во 2002 година е основана сегашната фирма Гарден Транс ДОО – Кавадарци, сопственост на браќата Илија и Слободанчо Василеви, со основна дејност – товарен патен транспорт. Набавено е и првото возило марка Сканија со полуприколка Шмитц со носивост од 24 тони со еуро 2 стандарди, со што започнува освојувањето на европскиот пазар на транспортни услуги.

Постојаната присутност на просторот на ЕУ носи нови искуства и клиенти, но бара и обновување и зголемување на возниот парк. Така што сега Гарден Транс има во сопственост возила од марката Сканија со еуро 6 стандард и полуприколки Шмитц 13,60 метри носивост 24,0 тони. Сите полуприколки се со надградба-церада со ролетна од страна и горе, со можност за утовар на секаков вид нормална палетизирана и непалетизирана роба. Вработени се 9 лиценцирани високо професионални возачи со повеќе годишно возачко искуство на просторот на ЕУ.

Релации на кои најчесто се врши транспорт на роба се:

Македонија до сите Европски земји и обратно,

цела ЕУ до Македонија, Албанија и Косово.

Наша девиза

Професионално, точно навремено извршена работа – задоволен клиент – долгогодишно постоење.